СО „Б-КАТЕГОРИЈА“ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ МОТОР ДО 125 КУБИЦИ Еве кои други услови треба да се исполнети

Со оваа законска измена, секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија.

204

Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина за возачите. Со оваа законска измена, секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија.

Сепак, за да го искористат ова право, возачите ќе мора да исполнат неколку клучни критериуми:






– Да имаат наполнети 23 години возраст;

– Да поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија најмалку 5 години;

– Да поминат дополнителна теоретска обука од 4 часа во автошкола.

Оваа мерка се очекува значително да го намали сообраќајниот метеж во градовите и да го поттикне користењето на поекономични превозни средства.

Поврзани содржини