14 ДЕЦА ДОБИЛЕ АЛКОХОЛ НА ЗАБАВА Кривична пријава за угостител од Свети Николе

Во угостителски објект во Свети Николе на забава било овозможено точење алкохол на 14 малолетници.

62

Кривична пријава е поднесена против угостителски објект и одговорно лице од Свети Николе, откако на забава било дозволено точење алкохол на малолетници.

Како што информира полицијата, пријавата ја поднела надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе против правно лице и против Б.К. (34), одговорен во фирмата. Постои сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.






Според информациите, на 29 ноември 2025 година во угостителски објект во градот, пријавениот организирал забава на која на 14 деца им било овозможено да консумираат алкохол.

По документирање на случајот, против осомничените е поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини