ИВАНА ГО ПРИЈАВИЛА СТОЈАНЧЕ ДЕКА ЧУВА ДРОГА ВО СТАНОТ Соседите пријавувале семејно насилство и дете како плаче и вреска

На денешното рочиште во Кривичниот суд се изведуваат материјални докази против Јовановски од страна на Јавното обвинителество.

725

Поради изнесување вознемирувачка содржина во доказите обвинителката Адела Бојчевиќ побара внимателен и одговорен пристап во известувањето на јавноста, за да не дојде до дополнителна виктимизација на жртвите во процесот против Стојанче Јовановски, чија сопруга Ивана Јовановска се фрли од 6. кат во скопската населба Тафталиџе на 2 март 2026 година, понесувајќи ја во смрт и нивната 6-годишна ќерка Катја.

На денешното рочиште во Кривичниот суд се изведуваат материјални докази против Јовановски од страна на Јавното обвинителество. На Јовановски му се суди за 3 кривични дела: Телесна повреда, Загрозување на сигурноста и за Наведување на самоубиство и помагање на самоубиство. Според обвинението, Стојанче со тепање и малтретирање, со сурово и нечовечко постапување, создал чувство на страв и безнадежноост кај Ивана, која без да ги контролора своите постаплки, скокнала од станот со малолетното дете.






Обвинителката како докази изведе известувања од МВР, оддел за крвни деликти, записникот од увидот на местото на трагедијата, изготвен на 3.3.2026 година, како и презентација на аудио записи од ЦУК. Таа најави презентација на аудио записи од 2024, 2025 и од 2026 година.

– Во цедето од 2024 има фотографија од пријава во системот, во која се гледа пријавител на настан, Цветанка Јовановска, мајката на Стојанче, пријавата е од 30.6.2024 година. Вториот фајл е аудио, се јавува сосетка која пријавува вознемирување што доаѓа од станот до неа на улицата Митрополит Гологанов 96. Кажува дека има бучава, галама, дека мало дете плаче и вреска. Дали се тепаат, таа не знае и сака да остане анонимна – рече обвинителката и го пушти аудио записот пред Судот.

Обвинителката Бојчевиќ потоа презентираше докази од 2025 година.

– Во овој фолдер е фотографија од пријава во систем од анонимен пријавител на 21.1.2025 година во 1 часот и 8 минути. Вториот фајл е запис од таа пријава, од машко лице кое бара да остане анонимен, се јавува од Теодосиј Гологанов 96 и вели дека во соседниот стан комшиите се дереле, а жената дошла кај нив и кажала дека сопругот ја тепа и дека таа сега е кај нив дома – рече обвинителката.

Потоа таа презентираше два аудио записа од 15.10. 2025 година. Во едниот Ивана бара помош на 112 за да влезе во станот, а во другиот Ивана го пријавува Стојанче дека тој во станот чува дрога.

– Се слуша како се јавува Ивана Јовановска и го прашува операторот каде треба да се обрати кога некој ѝ го има заклучено станот и не ја пушта да влезе. Прашува каде да се обрати да ѝ го отворат станот во кој живее. Операторот ѝ вели да се обрати во Куќниот совет, а ако не добие помош, ќе викнат пожарникари. Ивана вели дека Куќниот совет нема клучеви и бара да ја поврзат со полиција. Операторот пак ѝ вели да се јави во Куќниот совет, а потоа ќе викнат пожарникари да ја скршат вратата. „Значи пожарникарите ќе ја скршат вратата“, прашува Ивана и додава дека нема проблем со тоа – рече обвинителката.

Бојчевиќ презентираше и аудио запис за пријава за дрога.

– Во овој фајл Ивана на 112, го пријавува Стојанче дека чува дрога, а тој во тој момент е заклучен во станот и не ја пушта да влезе. Вели во мојот стан сопругот чува дрога. Оператотот бара податоци за пријавителот, а таа бара да ја поврзат со полиција. Таа потоа се обраќа до Стојанче, кој е внатре во станот „Ќе отвориш или да те пријавам“, по што се исклучува – рече обвинителката.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски.

Поврзани содржини