„ОРЕВОКРШАЧКА“ ВЕЧЕРВА НА СЦЕНАТА НА НОБ Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржа премиерата
Балетот на Чајковски ќе биде изведен вечерва на сцената на Националната опера и балет со поддршка од Видеолотарија Касинос Австрија.
Балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски вечерва ќе биде изведен на сцената на Национална опера и балет, со поддршка од Видеолотарија Касинос Австрија.
Претставата започнува во 20 часот, а станува збор за една од најпознатите балетски фантазии во два чина, која редовно привлекува голем интерес кај љубителите на класичната уметност. Диригент е Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото ги потпишува Саша Евтимова.
Во главните улоги настапуваат солисти од ансамблот на Националната опера и балет, заедно со оркестарот, хорот и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Од Видеолотарија Касинос Австрија велат дека поддршката на културата е дел од нивната корпоративна стратегија.
„Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од нашата корпоративна стратегија. Силно веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон развојот на општеството“, посочуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.