ПРОТЕСТОТ Е ЛЕГИТИМЕН, НО ТРЕБА ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ Вреди најави разврска околу барањата за правосудниот испит

ВРЕДИ ги оцени студентските протести за полагање правосуден испит на албански јазик како легитимни, но порача дека решението мора да дојде институционално, наместо, како што вели, некој партија да го инструментализиран. Коалицијата најави брзо затворање на прашањето и повика на дијалог.

64

Коалицијата ВРЕДИ соопшти дека внимателно ги следи случувањата поврзани со полагањето на правосудниот испит на албански јазик и реакциите на студентите по право, кои во изминатите денови јавно го изразија својот став и загриженост.

„Мотивот и процесот на организирање на студентите се сосема легитимни, како и нивната јасна порака дека станува збор за прашање на доследна примена на постојните права, а не за нови барања. ВРЕДИ смета дека ваквите прашања мора да се третираат сериозно, одговорно и со почит кон принципот на еднаквост“, се вели во соопштението.






ВРЕДИ истакнува дека ова прашање е веќе отворено на институционално ниво и во најкраток можен рок ќе биде затворено на начин што ќе обезбеди правична и одржлива примена на законските решенија, во согласност со очекувањата на студентите.

„Коалицијата жали што прашањата поврзани со образовната надградба и практичната примена на законските решенија не биле навремено отворени и решавани во изминатите години. Токму таквите пропусти доведуваат до ситуации во кои младите се чувствуваат принудени своите барања да ги артикулираат на улица.

ВРЕДИ го разбира револтот и мотивот на студентите. Ова не е прашање што треба да се игнорира или релативизира, туку сигнал дека системот мора подобро да функционира. Коалицијата останува посветена да најде решение што ќе биде прифатливо за студентите и во согласност со принципот на еднаквост. Вратата за дијалог е секогаш отворена, бидејќи овие прашања мора да се решаваат во институциите, преку разговор и партнерски однос, а не на улица. Само така градиме систем што функционира за сите“, вели ВРЕДИ.

Коалицијата ги повикува студентите на отворен и конструктивен дијалог во секое време.

“Ставот на коалицијата е ваквите прашања да се решаваат во рамки на системот, преку институции и соработка, а не преку конфронтации од каков било тип. ВРЕДИ очекува од пратениците кои беа присутни на протестот, што отвора сомнежи за нивна политичка инструираност, својата улога да ја остварат институционално, преку Собранието и механизмите кои им стојат на располагање. За тоа тие се избрани и платени од граѓаните. ВРЕДИ останува отворен за разговор и со нив, особено во делот на разјаснување на институционалните процеси, имајќи предвид дека до неодамна беа дел од власта“.

Поврзани содржини