МАКЕДОНИЈА ГО ЗАЈАКНУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Во Вашингтон ќе се разговара за одбраната, енергетиката, економијата и за сајбер-безбедноста

Шефот на македонската дипломатија во Вашингтон ја предводи делегацијата на Стратешкиот дијалог, каде фокусот е на одбраната, сајбер-безбедноста и економијата. Владата истакнува дека соработката со САД ја зацврстува позицијата на Македонија како стабилен и кредибилен сојузник на САД.

268

Стратешки дијалог со СAД претставува важен формат за унапредување на соработката, а клучниот фокус е на глобалните прашања, одбраната, сајбер-безбедноста, енергетиката, економијата и граничната безбедност.

Вака истакнува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски кој во Вашингтон денеска ја предводи владината делегација на Стратешки дијалог меѓу двете земји.






„Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски.

Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, со јасна посветеност кон заедничките вредности и стабилноста на регионот“.

Поврзани содржини