14 МИЛИОНИ ИРАНЦИ СОСЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕЗЕШКИЈАН СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ ЖРТВУВААТ ЗА ИРАН Познат музичар кампува пред електрана близу Техеран

Алиреза Рахими, секретар на Врховниот совет за млади и адолесценти, ги повика младите, спортистите, уметниците, учениците, студентите и нивните наставници да се соберат околу електраните во Иран и да направат жив штит.

1,423

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека тој и повеќе од 14 милиони Иранци се подготвени да се борат во случај на копнена инвазија од страна на САД или Израел врз земјата.

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега ја изразија својата подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да се жртвувам за Иран“, објави Пезешкијан на Икс.






Иран има население од околу 90 милиони жители.

Државните медиуми и СМС кампањите ги повикуваат граѓаните да се пријават како доброволци во армијата, а владата, исто така, ги покани пензионираните војници да изразат интерес за учество во борбите.

Пораката на иранскиот претседател е еден од најјасните јавни повици за национално жртвување од иранското раководство откако кризата се продлабочи.

Денеска Алиреза Рахими, секретар на Врховниот совет за млади и адолесценти, ги повика младите, спортистите, уметниците, учениците, студентите и нивните наставници да се соберат во 14 часот околу електраните во Иран, кои ги опиша како национални средства што припаѓаат на иднината на земјата. Ги повика да направат синџир од луѓе околу енергетските постројки.

Повиците дојдоа откако Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани и мостови ако Техеран не го отвори Ормускиот Теснец.

Иранскиот композитор и свирач на татар Али Гамсари е меѓу првите што се одзва на повиците. Тврди дека кампува пред електраната која снабдува околу половина од Техеран со електрична енергија, за да помогне во спречувањето на можни напади врз инфраструктурата. Тој ги повика меѓународните уметници да се приклучат на иницијативата и да помогнат „светлата да останат вклучени во секој дом“.

Поврзани содржини