СЕ БАРА УСТАВНО РЕШЕНИЕ ЗА ПОЛАГАЊЕТО ПРАВОСУДЕН ИСПИТ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК Владата ги информирала НАТО и ЕУ за обид на опозицијата за дестабилизација

Венецијанската комисија силно препорачува да се вратиме на законот за јазици од 2008-2009 година.

410

Решението мора да биде уставно и мора да биде согласно меѓународните стандарди, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето за полагањето на правосуден испит на албански јазик.

– Барањата се едно, но уставот и меѓународните стандарди се друго. И мораме така и да се однесуваме. Ако навистина мораме европски да се однесуваме тогаш мораме да ги почитуваме и уставот и меѓународните стандарди. Факт е дека законот кој е донесен, а тоа е законот за примена на јазиците е предизвикан пред Уставниот суд, токму во оној дел „владеење на право“ и „правосудство“, факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија кое се однесува за двојазичноста во правосудството. Прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ, не се гарантира владеење на правото односно нееднаквост во владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008-2009 година. Истовремено факт е и дека студентите кои изучуваат Правен факултет на својот мајчин, во случајов албански јазик, имаат право да го прават тоа и се дел од образовниот систем во Македонија – рече Мицкоски.






Премиерот посочи дека е формирана комисија од уставни експерти која работи да најде решение кое е по устав и по меѓународни стандарди.

– Исто така е факт дека вчера видовме голем број опозициски активисти и функционери кои што беа на протестот и на тоа му дадоа и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во рамките на ЕУ за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница – рече Мицкоски.

Поврзани содржини