ЌЕ СЕ ОТВОРА РУДНИК ЗА АНТИМОН ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО Рудата ќе се извезува во САД

Премиерот рече дека проектот денеска ќе биде претставен во САД во рамки на стратешкиот дијалог и е еден од позначајните објекти за македонската економија.

409

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави отворање на рудник за антимот во кривопаланечко, кој ќе биде америнаксак инвестиција во рамки на стратешкото партнерство.

-Во рамки на стратешкиот дијалог очекувам да се промовира и една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е  рудата антимон која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Тоа е редок минерал нешто што може да значи многу за нашата економија. Истрагите таму се при крај и очекувам тоа да биде почнато многу скоро. Рудата ќе се извезува во САД каде што ќе се топи во топилница во Оклахома, како што ме информираа инвеститорите  – рече Мицкоски.






Тој посочи дека пред американските инвеститори ќе биде претставен и енергетскиот проект „Чебрен и Галиште“.

Премиерот рече дека во рамки на дијалогот ќе се разговара и за изградбата на дата центри во кои инвеститори ќе бидат американски компании на што веќе се работи.

Поврзани содржини