МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПРОМЕНИ ЕНЕРГЕТСКИОТ ПЕЈЗАЖ НА РЕГИОНОТ? Божиновска ги презентира енергетските приоритети на средбите во САД

Соговорниците се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

58

Унапредувањето на соработката во енергетскиот сектор, со акцент на енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори, како и развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес, биле дел од разговорот што министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го имаше со  Jarrod Agen, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД.

Како што соопшти министерството за енергетика, Божиновска ја истакнала подготвеноста на земјава за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.






Извршниот директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, Аген, пак истакнал дека меѓу двете земји постојат толку многу можности за соработка што можат да го променат енергетскиот пејзаж во регионот.

Соговорниците се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Jarrod Agen е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси во секторот. Неговото искуство и познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

Средба е дел од серијата билатерални средби на министерката Божиновска, која како дел од високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, каде се разговара за унапредување на соработката со САД во повеќе клучни области: енергетика, економија, безбедност и технологија.

Поврзани содржини