ПОТРЕБНИ СЕ МЕРКИ И ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ Доцнат одлуките, храната поскапе, вели Филипче

А имаме семејства со многу деца, имаме пензионери со ниски пензии во најниските категории, имаме луѓе коишто работат во делот на неофицијалното работење. Значи, има многу категории граѓани на коишто владата треба да мисли. Тие луѓе се на работ на егзистенцијата, вели лидерот на опозициската СДСМ во интервју за ТВ Ора 24.

38

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Ора24.тв рече дека владините мерки за справување со ценовната криза се задоцнети и недоволни, дека се потребни пошироки мерки, и дека неопходни се и конкретни пакети помош за посебни категории граѓани.

– Мерките се задоцнети, како го аргументираме тоа, храната веќе е поскапена. Второ, треба сега уште подрастични мерки да се воведат со конкретни пакети помош, затоа што луѓето не може да преживеат со ова мала минимална плата, ниту две минимални плати не се доволни да се задоволи една потрошувачка кошничка – истакна Филипче.






Тој прецизираше дека државата мора да води сметка за сите оние што се најпогодени од кризата.

– А имаме семејства со многу деца, имаме пензионери со ниски пензии во најниските категории, имаме луѓе коишто работат во делот на неофицијалното работење. Значи, има многу категории гра ѓани на коишто владата треба да мисли. Тие луѓе се на работ на егзистенцијата – рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека и земјоделците се во многу тешка положба поради катастрофалните политики на власта на Мицкоски.

– Тука ги ставаме и земјоделците, меѓутоа тие се една посебна тема поради тоа што се повеќе апели доаѓаат од земјоделци кои работат, поради тоа што немаат доволно субвенции, понатаму субвенциите им каснат. Скратени се парите од ИПАРД, поради тоа што Европа ја запре програмата, затоа што членови на владејачката партија ги фати како ги крадат парите. Енормно се зголемени трошоците за производство на земјоделски култури, од житарици, лозари, работна рака, вода, ѓубрива. Ѓубривата може дополнително да поскапат и да ги нема поради војната. Така што ни престои тешка година, многу кризна. Мислам дека оваа влада се однесува крајно неодговорно – рече Филипче.

Претседателот Филипче посочи дека СДСМ уште на почетокот на кризата предложи сет мерки што ќе значеа вистинско олеснување за граѓаните, но власта повторно реагира предоцна и само делумно. Тој посети и на мерките кои Владата на СДСМ ги преземаше.

– Дополнително, како помош за граѓаните. Да ве потсетам кога ги менаџиравме ние ковид кризите и енергетската криза после почетокот на војната во Украина имаше посебни пакети финансиска помош директна до одредени категории на граѓани. Конкретни соодветни суми на пари добиваа пензионери, коишто сега не им се соодветно зголемуваат пензионерите. Во наше време добија дополнителен пакет, финансиски, социјално загрозени категории, студентите, одредени компании – нагласи Филипче.

Тој потсети и на една од клучните мерки во време на енергетската криза, кога Владата на СДСМ директно ги штитеше семејните буџети.

– Кога беше најскапа цената на струјата, 90% од сметката на 660 илјади семејства, субвенционираше нашата влада. Значи, само 10% плаќаа граѓаните. Што прави сега владата? Ништо – рече претседателот на СДСМ во интервјуто на Ора24 ТВ.

Поврзани содржини