ТРОЈЦА ЗАГИНАА ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ ОДЕСА, МЕЃУ НИВ МАЈКА И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ Уште 15 се повредени во гранатирањето станбена зграда

Повредените имаат рани од шрапнели, изгореници и страдаат од вдишување чад. Некои се во тешка состојба.

53

Во синоќешниот рускиот напад врз станбена зграда во Одеса загинаа три лица, меѓу кои и мајка и двогодишна ќерка, а се стравува дека под урнатините има заробени луѓе, објави на Телеграм, началникот на воената управа на Одеса, Олех Кипер.

Тој додаде дека во нападот повредени се 15 луѓе, меѓу кои и бремена жена и две деца.






Повредените имаат рани од шрапнели, изгореници и страдаат од вдишување чад. Некои се во тешка состојба. Лекарите проценуваат дека состојбата на децата е умерена, посочи Кипер.

Поврзани содржини