ОПЕК ГО ЗГОЛЕМУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА ОД МАЈ Враќањето на енергетската инфраструктурата ќе трае долго и ќе биде скапо

Според Меѓународната агенција за енергија, во март земјите во регионот на Персискиот Залив го намалија своето дневно производство на нафта за најмалку 10 милиони барели, или речиси 10% од глобалната побарувачка, наведувајќи го ограничениот капацитет за складирање на нафтата што не може да помине низ Ормускиот теснец.

68

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+  изразија загриженост поради нападите на Иран врз енергетските капацитети и проблемите во снабдувањето со нафта поради војната на Блискиот Исток.

„Враќањето на оштетената енергетска инфраструктура до полн капацитет е скапо и трае долго, што влијае на целокупното снабдување“, се вели во заедничка изјава по онлајн состанокот на Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман.






Тие, исто така, ја истакнуваат „критичната важност на заштитата на меѓународните поморски патишта за да се обезбеди непрекинат проток на енергија“ – алудирајќи на Ормускиот теснец, која Иран ја блокира како реакција на нападите на САД и Израел.

Членки на ОПЕК+ најавија дека ќе го зголемат производството на нафта во мај за 206.000 барели дневно.

-Со оглед на блокадата на Ормускиот теснец, низ која минува околу 20% од глобалната трговија со нафта, овој потег е повеќе симболичен отколку практичен, бидејќи пазарот на нафта се соочува со проблем во снабдувањето, а не со недостиг на производство – смета Карстен Фрич, аналитичар во германската Комерцбанк.

– Голем дел од расположивата понуда на нафта моментално оди во Азија – во Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Азија моментално цица сè како правосмукалка – вели Фрич.

Според Меѓународната агенција за енергија, во март земјите во регионот на Персискиот Залив го намалија своето дневно производство на нафта за најмалку 10 милиони барели, или речиси 10% од глобалната побарувачка, наведувајќи го ограничениот капацитет за складирање на нафтата што не може да помине низ Ормускиот теснец.

Поврзани содржини