„ОТВОРЕТЕ ЈА ПРОКЛЕТАТА ТЕСНИНА, ЛУДИ ГАДОВИ, ИЛИ ЌЕ ДОЖИВЕЕТЕ ПЕКОЛ!“ Трамп со радикални закани кон Иран
Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!!, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина.
– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.
Трамп денеска објави и дека дека американската војска го спасила „длабоко во планините на Иран“ вториот член на екипажот на борбениот авион Ф-15 што беше соборенен од иранската противвоздушна одбрана. Тој додаде дека спасениот пилот е „сериозно повреден, но и навистина храбар“ и оти операцијата за спасување била исклучително ризична.
