АЛБАНСКИ ГРАЃАНИ МАСОВНО ПОЛНАТ ГОРИВО И ПАЗАРАТ ХРАНА ВО МАКЕДОНИЈА На „Ќафасан“ се чека по два часа за влез

Слична ситуација е пријавена и во граничниот премин „Какавија“ кон Грција.

1,939

Голем број граѓани од соседна Албанија доаѓаат во Македонија за купување гориво и храна по пониски цени, кои се зголемија и во Албанија, но и низ целиот свет поради војната во Иран, така што на граничниот премин „Ќафaсан“ се чека поеќе од 2 часа за влез во Македонија, јави „Еуроњуз Албанија“, заедно со снимки од долги колони возила.

Слична ситуација е пријавена и во граничниот премин „Какавија“ кон Грција.






Инаку, за утре во Скопје е најавена вонредна владина седница, на која премиерот Христијан Мицкоски посочи дека ќе се намалат акцизите за горивата, за да се спречи големо поскапување.

– Во моментот немаме никакви индиции дека од аспект на волумен би имало потреба од ограничување, за разлика што тоа го направија некои земји – членки на Европската Унија. И не само што тоа не го правиме, туку и голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите на своите возила – изјави денеска Мицкоски.

На новинарско прашање дали се планира да се воведат мерки за штедење, како што препорачува ЕУ, Мицкоски рече дека земјата засега има доволно количини гориво и засега нема таква потреба.

Поврзани содржини