ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ИНВЕСТИРА ВО ОБРАЗОВНИЕТО Се гради нова зграда на ООУ „Гоцe Делчев“ во Илинден

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше на увид во изградбата на објектот најави изградба на нови објекти на училишта во наредниот период.

49

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“ во  скопската општина Илинден.

Мицкоски оцени дека зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект ќе значи многу за Општина Илинден.






– Општина Илинден се трансформира, се гради и тоа е добро, одлично бидејќи како што кажа и градоначалникот, најголемите комплименти доаѓаат од поддршката којашто ја добива неговата работа и работата на неговиот тим од страна на граѓаните.

Тој подвлече дека очекува уште многу вакви успешни проектите да се реализираат во претстојниот период.

-Кога ќе се изанализира се, тогаш доаѓаме до резултат којшто е успех и јас би сакал уште многу вакви успеси во периодот којшто следи да ни се случуваат.  Благодарност и за граѓаните на Општина Илинден што ја поддржуваат во континуитет работата на Владата, а ние како Влада ќе продолжиме да реализираме проекти на целата територија на Македонија – рече Мицкоски.

Со изградбата на новиот објект ќе се овозможи повеќе од 1.000 ученици да ја следат наставата во една смена, што претставува значаен чекор кон подобрување на условите за учење и создавање инклузивна и современа образовна средина.

Објектот ќе зафаќа површина од над 900 м² на два ката, со 10 училници, 6 тоалети, од кои 2 се наменети за лицата со посебни потреби, лифт за нивна непречена мобилност, 2 простории за складирање и наставничка канцеларија.

Поврзани содржини