ПР ПОЛИТИКИТЕ НА БАШАНОВИЌ ГО СМЕСТИЈА СДСМ НА РЕЈТИНГ ПОД 5% Манасиевски им порача да го сменат или ПР-от или раководството

187

ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДСМ на рејтинг помал од 5%, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– ПР политиките на Башановиќ го допреа дното во СДС. Филипче е политичар на кој му веруваат едвај 3,6% од граѓаните, додека СДС како политичка партија има доверба од 4,9%. Со овие лоши политики и односот кон граѓаните и медиумите – и овој рејтинг им е добар – рече Манасиевски.






Тој потсети дека Филипче зборувал дека на рејтинзите има пад во довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а кај СДСМ има раст.

– Но, како и секогаш, уште една лага на СДС се распрсна како меур од сапуница, па сега на Бихаќка не знаат што да прават по лошите рејтинзи на партијата и на Филипче. Едно од решенијата е да си го сменат ПР-от или раководството. Во спротивно ги чека длабока хибернација во опозиција – додаде Манасиевски.

Поврзани содржини