📷 МОРЕПЛОВЕЦОТ КОЛУМБО СЕ ВРАЌА ПРЕД БЕЛАТА КУЌА Трамп го ревитализира како симбол на „вистинска Америка“

Шефот на САД постави статуа на морепловецот Колумбо во близина на Белата куќа како дел од кампања против „антиамериканската идеологија“. Потегот повторно ја отвори дебатата за историјата, протестите од 2020 и наследството на колонијалната ера.

147

Контроверзна одлука од срцето на Вашингтон. Шефот на САД Доналд Трамп постави статуа на морепловецот Кристофер Колумбо во близина на Белата куќа, потег што веднаш ја отвори старата рана меѓу историјата и современите вредности.

Статуата е поставена на северната страна од зградата на Извршната канцеларија на Ајзенхауер. Трамп ѝ се заблагодари на италијанско-американската заедница за донацијата.






Во писмо, Трамп го нарече Колумбо „оригиналниот американски херој и еден од најхрабрите и највизионерските луѓе што некогаш оделе по земјата“.

Статуата е реконструкција на онаа откриена во Балтимор во 1984 година од Роналд Реган. Таа беше фрлена во пристаништето во 2020 година од демонстранти.

Критичарите тврдат дека неговото наследство е поврзано со насилство врз домородните народи. Според нив, славењето на Колумбо ја игнорира таа темна страна, и токму затоа статуите беа симболично отстранувани.

Движењето „Black lives matter“ во 2020 година предизвика бран отстранувања на статуи. Колумбо беше меѓу најоспоруваните личности.

Потегот на Трамп дел од поширока кампања. Трамп ја насочува против она што го нарекува „антиамериканска идеологија“, која според него ги брише традиционалните симболи и историјата.

Поврзани содржини