ЦИМЕТ И КАФЕ? Дали е оваа комбинација доволна за да се намали ризикот од Алцхајмерова болест?
Како поддршка на мозокот, циметот потенцијално ги штити невроните и може да игра улога во превенцијата од болести како што е Алцхајмеровата болест. Ова е потврдено од некои студии.
Циметот се користи уште од дамнина не само како ароматичен зачин, туку и како состојка во некои лекови и додатоци во исхраната. Главниот носител на ефектите на циметот е цинамалдехидот – соединение одговорно за неговиот мирис, но и за голем дел од неговите биолошки ефекти.
Циметот е еден од најсилните природни антиоксиданти: На што влијаат неговите полифеноли?
Покрај тоа, циметот е богат со полифеноли кои ги неутрализираат слободните радикали, го намалуваат оксидативниот стрес и го забавуваат процесот на стареење на клетките. Благодарение на овие својства, циметот е еден од најсилните природни антиоксиданти во исхраната.
Влијание врз шеќерот во крвта и инсулинот
Една од најпознатите придобивки од циметот е неговиот ефект врз регулирањето на гликозата. Истражувањата покажуваат дека може да ја подобри чувствителноста на инсулин, да ги намали нивоата на шеќер на гладно и да го забави разградувањето на јаглехидратите во цревата.
Ова го прави корисен додаток во исхраната за луѓе со дијабетес тип 2 или инсулинска резистенција.