ЗАПАЛЕН „РЕНЏ РОВЕРОТ“ НА КУРТО ДУДУШ Камерите снимиле маскирано лице како го пали возилото

Маскирано лице истурило запалива течност врз „ренџ ровер“ во Шуто Оризари. Полицијата потврди дека истрагата е во тек.

2,342

Автомобил што го користел градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, бил запален ноќеска потврдуваат од полицијата за Плусинфо.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 03:50 часот, кога било констатирано дека опожарено е патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска






„На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани содржини