ПАЛЕЊЕ СТРНИШТЕ СО ГОЛЕМА ШТЕТА Приведен маж по пожар на туѓ имот

Со палење сува трева и стрниште маж предизвикал пожар во имот на жител од Куманово, а огнот бил изгаснат од пожарникари.

108

Маж од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, бил приведен откако со палење сува трева и стрниште предизвикал пожар на туѓ имот.

Инцидентот се случил вчера околу пладне во селото Челопек, каде огнот зафатил дрва во имот сопственост на 60-годишен жител од Куманово.






Пожарот брзо се проширил, но бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. За среќа, во настанот нема повредени лица.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Надлежните повторно апелираат граѓаните да бидат внимателни при палење отпад и стрништа, бидејќи и мал пожар може да предизвика голема штета.

Поврзани содржини