ФРАНЦУСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО ИРАЧКИОТ РЕГИОН ЕРБИЛ Не се знае кој го извршил нападот

Претходно, француското Министерство за одбрана соопшти за шест француски војници повредени во напад со дрон додека вршеле обука на ирачки сили за борба против тероризмот.

99

Француски војник е убиен, а неколку се ранети при напад во регионот Ербил во Ирак, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Во пост објавен на својот профил преку социјалната мрежа „Икс“ Макрон посочува дека инцидентот се случил при напад извршен врз француските сили, ангажирани во Ирак за разбивање на екстремистичката група „Исламска држава“ уште позната и како Даеш.






„Овој напад врз нашите сили, кои од 2015 година учествуваат во борбата против Даеш, е неприфатлив“, навадува Макрон, додавајќи дека присуството на француските војници во Ирак е исклучиво во рамките на меѓународните активности насочени против тероризмот.

Претходно, француското Министерство за одбрана соопшти за шест француски војници повредени во напад со дрон додека вршеле обука на ирачки сили за борба против тероризмот. Повредените биле пренесени во најблиската медицинска установа.

Според локалните власти во Ербил, во нападот биле употребени два дрона, а мета на нападот била воена база сместена на околу 40 километри југозападно од главниот град на автономната област Курдистан.

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Нападот доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток по неодамнешните воени дејствија на САД и Израел против Иран, на што Техеран возврати со напади врз американските бази во регионот.

Поврзани содржини