САД ЌЕ ГРАДАТ ПРВА РАФИНЕРИЈА НА НАФТА ОД ШКРИЛЦИ Инвестицијата е на индиската глобална компанија „Рилајанс“
Инвестицијата изнесува 300 милијарди долари, а рафинеријата ќе се гради на пристаништето Браунсвил во Тексас.
САД ќе ја добијат првата нова рафинерија за нафта по 50 години, објави американскиот претседател Доналд Трамп кој смета дека со тоа САД ќе се вратат како лидер во енергетиката.
„Америка се враќа во вистинската доминација на енергија! Денес сум горд што објавувам дека America First Refining ја отвора првата нова рафинерија за нафта во Америка по 50 години во Браунсвил, Тексас. Ова е историски договор од 300 милијарди долари, најголемиот во историјата на САД. Огромна победа за американските работници, енергијата и големите луѓе од Јужен Тексас! Благодарение на нашите партнери во Индија и нивната најголема приватна енергетска компанија Reliance за оваа огромна инвестиција. Благодарение на нашата политика Америка прва, забрзаното лиценцирање и намалувањето на даноците, привлековме милијарди долари инвестиции кои се враќаат во нашата земја“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Според Трамп, новата рафинерија во пристаништето Браунсвил ќе го снабдува американскиот пазар, ќе ја зајакне националната безбедност, ќе го зголеми американското производство на енергија, ќе донесе милијарди долари економско влијание и ќе биде најчистата рафинерија во светот.
„Ќе го поттикне глобалниот извоз и ќе донесе илјадници долгоочекувани работни места и економски раст во регион што го заслужува тоа. Вака изгледа американската доминација на енергијата. Америка на прво, секогаш!“, пишува Трамп.
Претседателот и основач на „Америка Фирст Рафининг“ рече дека САД за прв пат по половина век ќе изградат нова рафинерија дизајнирана специјално за американска нафта од шкрилци.
„Америка фрст рефининг“ објави дека „глобална енергетска компанија“ направила „деветцифрена инвестиција“ во проектот. Трамп изјави дека станува збор за „Рилајанс“ (Reliance), најголемата приватна компанија во Индија.
„Рилајанс“ потпиша „обврзувачки 20-годишен договор за купување производи“ со „Америка фрст“, што значи дека ќе ги купува производите што ги произведува рафинеријата. Ова треба да го намали трговскиот суфицит на Индија со САД, за што Трамп претходно се пожали.
„Рилајанс“ е сопственик на најголемата рафинерија за нафта во светот во Џамнагар, Индија, а пазарната вредност на компанијата е околу 190 милијарди евра.