ИСПРАВКА Сашка Цветковска и ИРЛ не се „осудени“, туку во граѓанска парница е утврдена нивна одговорност за клевета
Во врска со објавата на порталот Плусинфо на 25.02.2026 со наслов „Конечна пресуда – ИРЛ и Сашка Цветковска го наклеветиле Кочо Анѓушев за увозот на токсичен мазут Ќе мора да платат отштета од вкупно 120 денари“, од ИРЛ и од Цветковска добивме Исправка со следната содржина: „Граѓанскиот спор со тужителот, господинот Кочо Анѓушев се водеше пред Основниот Граѓански суд Скопје со што ИРЛ и Сашка Цветковска немале статус на обвинети ниту Граѓанскиот и Апелациониот суд донеле осудителни пресуди, алудирајќи во јавноста дека тужените сториле кривично дело.
Основниот Граѓански суд и Апелациониот суд Скопје утврдуваат граѓанска а не кривична одговорност. Осудено лице, е она лице за кое има правоислна пресуда од Кривичен суд. Затоа термините осудени или осудителна пресуда се користи само во кривична постапка. Во нашиот случај, се работи за утврдување на граѓанска одговорност па затоа овие термини ја наведуваат јавноста на неточни информации”.