ШИЛЕГОВ ПОВИКА ДА СЕ ПРЕИСПИТА ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ЗА КОЧАНИ Обвинителот рече дека причина за смртта е немањето услови за евакуација, а не пожарот

Судијката рече дека судот нема надлежност околу обвинителнниот акт и дека повеќе нема да дозволи такви обраќања, со кои се губи време.

258

Адвокатот Петре Шилегов го повика Јавното обвинителство да го преиспита обвинителниот акт за трагедијата во Кочани, откако обвинителот на денешното рочиште рече причина за смртта на настраданите во Кочани не е пожарот, туку немањето услови за евакуација.

– Поголемиот дел од обвинетите ова ги става во ослободителна позиција. Обвинителниот акт е конструкција по потреба, а не акт според кој може да ја утврдиме причината за настаната трагедиија и загубата на животите. Најсериозно замолувам тоа што на сите ни е јасно обвинителството да собере храброст и да го направи – рече Шилегов.






Судијката рече дека судот нема надлежност околу обвинителнниот акт и дека повеќе нема да дозволи такви обраќања, со кои се губи време.

Адвокат Софија Лаличиќ на вкрстеното испрашување на сведокот Горан Игновски, сопственик на продавницата од која групата ДНК порано купувала прскалки, стави забелешка на неговиот исказ.

– Да се заблагодарам на јавниот обвинител, кој беше професионален и постави прашање не само на товар туку и во корист на обвинетите. Кој повеќе треба да е на обвинителна клупа, обвинетите од Министерство за економија и ексминистрите кои издале лицнци во 2013 или овој сведок кој овде ни кажа дека шверцувал пиротехника, па на црно ја држел во својата продавница, ја продавал, ставил на располагање опасно средство од кое загинаа луѓе? Ова сведочење само потврди за погрешно поставеното обвинение и за селективност при обвинувањето – рече Лаличиќ.

Обвинителот ја прекина, рече дека ова е излагање за завршен збор и дека не загинале луѓето затоа што пиротехниката го запалила диското, туку зашто немале од каде да побегнат.

Поврзани содржини