НИТУ ИМАЛО, НИТУ ИМА ПРЕГОВОРИ ЗА МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА Британскиот амбасадор во Скопје ги отфрла шпекулациите

163

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел.

Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на стратешката соработка меѓу двете земји, можностите за визна либерализација, како и на евроинтеграциите и потенцијалната улога на Лондон во дијалогот меѓу Скопје и Софија. Целиот разговор со британскиот амбасадор Лосон, во емисијата „Европат”.

 

Поврзани содржини