ТРГОВИЈАТА СО СВЕТОТ ВО ЈАНУАРИ Во денари опаѓа, а во долари расте

Во  јануари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

94

Вкупната вредност на извозот на стоки во  јануари 2026 година, изнесува 32.686.6 милиони денари (530 милиони евра)  и бележи пад од 8,27 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во  јануари  2026 година, изнесува 48.954.0 милиони денари (795 милиони евра), што е за 6,37 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во долари извозот изнесуваа 622 милион долари и бележи раст од 3,8%, а увозот  изнесува  931 милион долари, што во однос на истиот месец лани бележи раст од 5,9% . (






Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.

Во  јануари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 52,0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57,1 % во вкупната размена.

1. Стоковна размена со странствојануари 2026 година, претходни податоци
XII 2025
илјади
I 2025
илјади
I 2026
илјади
I 2026
XII 2025
стапки на раст (%)
I 2026
I 2025
стапки на раст (%)
Обем на размената, денари 99 791 571 87 916 329 81 640 601 -18.19 -7.14
Обем на размената, евра 1 621 524 1 428 283 1 325 560 -18.25 -7.19
Обем на размената, долари 1 897 630 1 478 077 1 553 233 -18.15 5.08
    Обем – лон, денари 7 484 319 8 895 304 7 435 917 -0.65 -16.41
    Обем – лон, евра 121 592 144 510 120 714 -0.72 -16.47
    Обем – лон, долари 142 177 149 598 141 457 -0.51 -5.44
Извоз, денари 37 699 763 35 633 066 32 686 582 -13.30 -8.27
Извоз, евра 612 570 578 877 530 668 -13.37 -8.33
Извоз, долари 716 956 599 236 622 117 -13.23 3.82
    Извоз – лон, денари 4 338 244 5 337 045 4 698 182 8.30 -11.97
    Извоз – лон, евра 70 482 86 707 76 271 8.21 -12.04
    Извоз – лон, долари 82 430 89 752 89 454 8.52 -0.33
Увоз, денари 62 091 807 52 283 263 48 954 019 -21.16 -6.37
Увоз, евра 1 008 954 849 406 794 893 -21.22 -6.42
Увоз, долари 1 180 674 878 841 931 117 -21.14 5.95
    Увоз – лон, денари 3 146 075 3 558 260 2 737 735 -12.98 -23.06
    Увоз – лон, евра 51 110 57 802 44 443 -13.04 -23.11
    Увоз – лон, долари 59 748 59 845 52 003 -12.96 -13.10
Поврзани содржини