ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ Останува во притвор уште 48 часа

Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот починаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Стојанче Јовановски се сомничи за семејно насилство и наведување на самубиство. 

370

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која заедно со нивната ќерка падна од шест кат во скопски Карпош.

Обвинителстото соопшти дека притворот се продолжува бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена.






Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.

Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот починаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Стојанче Јовановски се сомничи за семејно насилство и наведување на самубиство.

Поврзани содржини