ПОЛИЦАЈКА И НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА ЗАГИНАА, СИНОТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Ги прегазил возач на тротоар во Сјеница

Возачот на автомобил „шкода“ возел брзо и ја изгубил контролата врз автомобилот, кој откако  удрил во рабникот излетал на тротоарот врз мајката и двете деца.

1,473

Во Сјеница, Србија мајка и ќерка синоќа загинаа на лице место, а синот се бори за живот, откако возач ги прегазил на тротоар.

Возачот на автомобил „шкода“ возел брзо, ја изгубил контролата врз автомобилот, кој откако  удрил во рабникот излетал на тротоарот врз мајката и двете деца.






Малиот град во Србија е во солзи за загинатите Едиса Каришик (44) и ќерката Лејла Каришик (12). Локалната власт прогласи тридневна жалост.

Синот (9) е тешко повреден и е пренесен на лекување во Белград.

Прегазената жена била полицајка и била ангажирана во промоцијата на безбедно возење во Нови Пазар, со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи на минимум.

– Ова е навистина вистинска трагедија, која ги погоди сите не само во Сјеница, туку и во цела Србија. Се надеваме дека момчето ќе биде добро. Поради смртта на мајката и ќерката во Сјеница, денес, утре и задутре ќе има денови на жалост – потврди заменик-градоначалникот на Сјеница, Радиша Кнежевиќ.

Возачот А.К. веднаш застанал на местото на несреќата и бил однесен во полициската станица. Според првичните информации, не бил под дејство на алкохол. Одреден му е 48-часовен притвор.

Поврзани содржини