🎥 СЕЛЕНА ГИ БАКНА ПРСТИТЕ НА НОЗЕТЕ НА БЕНИ Валкани или не, таа не може да им одолее на неговите стапала
Во новата епизода од подкастот на Бени Бланко, неговата сопруга Селена Гомез седи на подот и во еден момент му ги бакнува прстите на стапалата. Тоа беше веројатно нејзината порака до сите оние кои се згрозуваат од тоа колку му се валкани стапалата на нејзиниот сакан.
Селена Гомез му ги бакна прстите на нозете на својот сопруг Бени Бланко во најновата епизода од неговиот подкаст „Friends Keep Secrets“ (Пријателите чуваат тајни). Ова се случи само една недела откако неговите валкани стапала станаа вирални.
За време на интервјуто, Селена Гомез (33) седеше на подот во дневната соба, додека нејзиниот партнер Бени Бланко (37) беше на каучот со ногата потпрена на масата. На средина од разговорот, Гомез се наведна и му го бакна вториот прст на ногата.
– Ви се допадна ли тоа? – се пошегува Бланко и ги праша своите ко-водители, а Гомез го погали по ногата и го замоли да не „прави од тоа сцена“.
– Не, не, ми се допадна. Всушност ми се допадна. Едноставно ми годеше. Те сакам толку многу – рече Бланко.
Гомез, која се омажи за Бени Бланко во септември 2025 година, потоа ја потпре главата на неговите стапала.
Подоцна во емисијата, Бланко објасни зошто обично избегнува јавни покажувања на наклонетост. Тој рече дека сака Гомез да биде во центарот на вниманието и да „блесне“ како независна жена, па затоа се обидува да не претерува со бакнежи и прегратки пред другите. Тој исто така додаде дека нејзиното бакнување на неговиот прст на ногата навистина му го разубавило денот.
Корисниците на социјалните медиуми на платформата X остро реагираа на моментот. Многумина напишаа дека се надеваат дека видеото е лажно или дека е направено со помош на вештачка интелигенција, бидејќи во спротивно е „премногу“ за нив да можат да го гледаат.
Други го нарекоа клипот „одвратен“, „гаден“ и „срамен“. Еден корисник ѝ рече на Гомез да „стане“, додека друг напиша: „Селена, девојко, ниеден маж не вреди за сето ова“.
Критиките започнаа откако подкастот премиерно се појави минатата недела. Во него, Бени Бланко испушти прдеж на каучот и ги покажа своите стапала, кои многу гледачи ги нарекоа валкани. Некои дури и ја повикаа Селена Гомез да ја прекине врската.
Потоа Бланко ја бранеше својата хигиена гостувајќи во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ минатиот четврток. Тој ги соблече чевлата и чорапата пред камерите за да ги покаже своите стапала.
– Имам одлични стапала. Нека зумира некој на моето стапало. Погледнете го ова! Се шегувате? – рече тој.
Селена Гомез и Бени Бланко се забавуваат од 2023 година, а се верија една година подоцна. Се венчаа на церемонија полна со славни личности во Санта Барбара, Калифорнија.