Еколошки „манипулации“ без скрупули

Државниот врв ќе мора да се размисли кој и зошто ги манипулира граѓаните на Македонија и одработи за земја која не е член на НАТО и Европската Унија да може со домашни „квинслинзи“ да заработува на грбот на оваа сиромашна држава која не може да си дозволи 600 евра минимална плата.

113

Една од најголемите самопрогласени активисти за екологијата односно за заштита на животната средина младата Грета Тунберг се најде на удар на социјалните мрежи поради своите критики кон државата со најголеми резерви на ретки метали Народна Република Кина. И вели вака: „Грета ги повика Кинезите да се одрекнат од традиционалните стапчиња како би се спасиле дрвата. Кинезите пак ја повикаа Грета да се врати во основно школо и да научи декат тие стапчиња се прават од Бамбус, а бамбусот е трева. Исто така ја повикаа Грета и нејзините пријатели нормално „Еколози“ да не ги бришат своите „наочари (на друг дел од телото се мисли) со тоалетна хартија зошто е направена од дрво“.

Оваа приказна дали е вистинита или не сепак е забавна. Но, она што не е забавно за мене е дека истава девојка или млада дама како сакате престојуваше во Македонија и дојде да протестира за отворање на мала хидроцентрала на реката Дошница во горниот тек на самата иако во долниот тек во близина на градот Неготино е изградена истата таква во 1956 година.






Впрочем, оваа манипулација на активисти демек загрижени за животната средина има своја позадина. Сами заклучете. Ако се изградат сите мали хидроцентрали тие можат д произведат струја како два блока од РЕК-Битола. И овие мали централи после извесен временски период се во сопственост на Македонија. Замислете да ја изгасиме РЕК-Битола. Седумдесет проценти од нашето производство на електрична енергија да го снема. Да станеме увозно зависни. Тоа значи за нас колапс. А кој го промовира ова, институт од земја со германско говорно подрачје, а не е СР Германија. Експертите точно знаат која е државата и точно ги знаат процените од економски карактер посебно во делот на инфлацијата и ценовната политика.

Но, кој е најголемиот пораз. Јас ќе пробам преку неколку примери да дадам одговор на читателската публика. А, е поврзано со употребата на цијанид со посебен акцент на добивање на благородниот метал ЗЛАТО. Државниот врв ќе мора да се размисли кој и зошто ги манипулира граѓаните на Македонија и одработи за земја која не е член на НАТО и Европската Унија да може со домашни „квинслинзи“ да заработува на грбот на оваа сиромашна држава која неможе да си дозволи 600 евра минимална плата.

Примерот со инциндентот во рудникот Тораница и кој и зошто сакаше да го намести и дискредитира политички директорот на рудникот Тони Тоневски.

Дали некој во Македонија од страна на „еколозите“ знае како се употребува цијанид во екстракција на метал? Апсолутно НЕ.

Дали некој во Македонија од страна на „еколозите“ знае каде се произведува цијанид во државава? Апслолутно НЕ, зошто се увезува, нема таков тип на прозводство.

Дали некој во Македонија од страна „еколозите“ ја знае постапката за увоз на цијанид и која е улогата на секторот за хемикалии при Министерство за Здравство? Апсолутно НЕ.

И сега одиме кон вистината за инцидентот во рудникот Тораница. Таму пукна цевка низ која протекува техничка вода и во која поради застареноста на технологијата за добивање на оловно-цинковен концентрат има и присуство на цијанид.

Соодветна политичка партија која излобира во претходните години за употреба на цијанид во старите постоечки рудници, а најмалку мислеше на рудниот Тораница, ни соопшти дека е пукната хидројаловишната брана.

За ваква манипулација во која се создава страв кај населението со помош на изманипулирани медиуми кои немаат елементарни познавања што значи цевка со техничка вода, а што е хидројаловишна брана, кривичниот закон предвидел соодветна постапка и казна не прекршочна туку затворска.

За да се знае како се изманипулира до крај. Соодветен активист „екологист“ кој е инаку книжевник и не може да дојде интелектуално во допир со екстракција на оловна и цинкова руда и нормално не ја познава на никаков начин постапката за тоа како функционира еден рударско-металуршки комплекс, ја злоупотреби својата улога како гостин емисија на телевизија која има дозвола за територија на целата наша држава постави прашање до директорот на рудникот г-динот Тоневски: Дали во Вашата компанија има редовни контроли? Одговорот беше: Да. Заклучок на книжевникот кој гарантирам дека ја нема прочитано Вест Ауст од Божин Павловски од 1978 година и дека нема сериозни познавања за тематиката, му вели: Јас не Ви верувам.

Преамбициозните компарации на млади книжевници кои се замислуваат дека се „екологисти“ држават мора да ги одбие не на глупост, туку да ги одбие со огромна сериозност и загрженост. Точно е дека во овој роман е раскажана тажната судбина за експлоатација на сиромашните работници, ама пред точно 48 години.

Денес вистината е поинаква. Во рудникот Казандол минималната плата во 2016 година која се понуди беше 800 (осумстотини) евра. И рудникот Казандол не е затворен зошто ќе загадувал туку зошто државата намерно го кочеше токму од „екологистите“ во политичките партии кои мислеа дека ќе го стават во скут.

И затоа на сите учесници во ставањето на скут кое се броеше во неколку милиони евра имам само едно да Ви кажам, наместо рударска просечна плата во овој момент од 1300 евра, ние дебатираме за 600 (шестотини) и затоа: Срам Ве било невоспитани сте сите што учествувате во кампањата „Рудници на смрт“.

Со подетални информации во другата колумна пред се за тоа како се молчи за Бучим и неговото злато, како се затвори Казандол и пресудата од Лондон и за Плавица како претходниот градоначалник на Пробиштип се беше вработил во Паркинзи Општина Центар.

 

Поврзани содржини