ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ ПО СМРТТА НА ХАМНЕИ Лидерот на Хезболах со остра порака
Лидерот на либанскиот Хезболах најави јавен собир и порача дека движењето ќе одговори на, како што рече, „агресијата“.
Лидерот на Хезболах, Наим Касем, изрази жалење за иранскиот врховен водач Али Хамнеи, нарекувајќи го маченик кој зад себе остава десетици милиони приврзаници, пренесе Би-Би-Си.
Касем изјави дека она што го опиша како „злосторничка американска и ционистичка агресија“ насочена против Хамнеи претставува „врв на криминалот“.
— Ќе ја исполниме нашата должност во соочувањето со агресијата, уверени во победата, водството и поддршката од Алах — се закани Касем.
Либанскиот шиитски Хезболах, кој се смета за една од најистакнатите групи спонзорирани од Иран во регионот, најави јавен собир подоцна денеска во знак на лојалност кон Хамнеи и поддршка за Иран.