МОМЕНТАЛНО ОЛЕСНУВАЊЕ, НО И ГОЛЕМА ОПАСНОСТ Најпознатиот народен лек за киселини го уништува желудникот

Многу луѓе мислат дека подригнувањето откако се напиле сода бикарбона е знак на олеснување, но всушност е индикатор за силна хемиска реакција која штотуку се случила во желудникот.

182

Ако ве мачат киселини, сигурно добро го знаете непријатното чувство кога киселината се враќа во вашиот хранопровод. Многумина во оваа ситуација посегнуваат по познатиот „народен лек“ за брзо решение – сода бикарбона.






Иако овој прав брзо ќе ја неутрализира киселината и ќе донесе моментално олеснување, тој исто така крие опасна стапица за која многумина не се свесни. Имено, сода бикарбоната истовремено ќе испрати сигнал до телото да произведе „контранапад“ што дополнително ги нагризува ѕидовите на вашиот желудник.

Содата делува како антацид што привремено ја неутрализира киселината. Сепак, нејзината прекумерна употреба предизвикува таканаречен „acid rebound“ефект; желудникот почнува да лачи уште повеќе киселина, што на долг рок може да доведе до хронично воспаление и оштетување на слузницата.

Проблемот не е само содата, туку и реакцијата што се јавува во дигестивниот систем. Кога алкалната супстанца се спојува со желудочната киселина, се јавува бурна реакција и се ослободува јаглерод диоксид.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини