АНДРЕЈ И БЛАГОЈ СЕ ВРАЌААТ СО БРОНЗА ОД ЉУБЉАНА Успех на македонските учесници на олимпијада за вештачка интелигенција

Во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет Андреј Ангелов од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од Прилеп го освоија третото место.

129

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција која се одржа во Љубљана, нашите два натпреварувачи Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија бронзен медал, соопшти на својот профил на Фејсбук македонскиот амбасадор во Словенија Горан Милевски.

„Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески. Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.






Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија“ – напиша амбасадорот Милевски.

Поврзани содржини