КОЛКУ ЛИ ГИ ИМА ТИЕ ШТО ВОЗАТ БЕЗ ВОЗАЧКИ? Во Битола и Прилеп фатени уште тројца во само еден ден

Возачите се уапсени, нивните возила се одземени, а против нив ќе следуваат соодветни пријави.

197

Според Билтенот на СВР Битола само вчера биле запрени три возачи на моторни возила кои не поседувале возачки дозволи. Тие се уапсени, нивните возила се одземени, а против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На патот Прилеп-Ресен, кај место викано „Тунелот” во Битола, вчера (26.02.2026) во 18:10 часот






полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М.(20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.

Исто така вчера во 12:30 часот на ул.„Дојранска” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

На 26.02.2026 во 13:30 часот на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ѓ.(18) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Поврзани содржини