НЕ ГО ЗАПОЗНАВ ЕПСТИН, ЗОШТО МЕ ПРАШУВАТЕ ЗА НЛО И ПИЦАГЕЈТ? Хилари Клинтон 7 часа сведочеше во Претставничкиот дом

Поранешната прва дама на САД и некогашен државен секретар Хилари Клинтон тврди дека никогаш не се сретнала со сексуалниот претсапник Џефри Епстин и дека нема сознанија за неговите злосторства. Додека се чека денешното сведочење на нејзиниот сопруг, медиумите пишуваат дека соработничката на Епстин Жилејн Максвел во 2025 рече дека таа ги поврзала Епстин и Бил Клинтон.

498

Тврдење спроти тврдење ја разгоре расправата во американската политика. Поранешниот државен секретар и екс прва дама Хилари Клинтон изјави дека не се сеќава оти некогаш се сретнала со сексуалниот претстапник Џефри Епстин.

Клинтон сведочеше пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом. По излегувањето, таа кусо им се обрати на новинарите.






„Не се сеќавам“

– Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со г-дин Епстин. Никогаш не летав со неговиот авион, ниту ги посетив неговиот остров, домови или канцеларии – рече Клинтон во седумчасовното испрашување.

Во писмена изјава додаде дека нема информации за неговите криминални активности.

Од друга страна, Жилејн Максвел, главната соработничка на Епстин, во 2025 година изјави дека таа ги поврзала сопругот на Хилари, екс претседателот Бил Клинтон и Епстин. Според осудената Максвел кој одлежува затворска казна, Епстин присуствувал на настан во Белата куќа во раните 1990-ти.

Сенката на Пицагејт

Во седумчасовното сведочење Хилари Клинтон рече дека во доцната фаза од сослушувањето прашањата станале необични.

– Почнаа да ме прашуваат за НЛО и за Пицагејт, една од најодвратните лажни теории на заговор – изјави таа.

Теоријата „Пицагејт“ кружеше во 2016 година. Се тврдеше дека пицерија во Вашингтон била центар на мрежа за злоупотреба на деца. Ниту една официјална истрага не ја потврди таа приказна.

„Трамп кажа доволно“

Во подготвеното сведочење, Клинтон ја обвини комисијата дека го пренасочува фокусот од врските на Доналд Трамп со Епстин. Епстин почина во 2019 година во затвор, додека чекаше судење за федерални обвиненија за трговија со луѓе. Смртта беше прогласена за самоубиство.

Претседателот на комитетот, Џејмс Комер, ја отфрли идејата Трамп да сведочи.

– Претседателот Трамп одговори на стотици прашања за Епстин и беше транспарентен во објавувањето документи – рече Комер.

„Тие што го запознаа пред 2008 не знаеја“

За денеска, 27 февруари, се очекува сведочењето на сопругот на Хилари, Бил Клинтон. Хилари рече дека тој ќе истакне оти мнозинството луѓе кои имале контакт со Епстин пред 2008 година не знаеле за неговите злосторства.

– Токму за тоа ќе сведочи мојот сопруг утре – изјави таа.

Во јавноста кружат неколку фотографии од Бил Клинтон. Една го прикажува како плива ноќе со соработничката на Епстин, Жилејн. Друга ги прикажува Бил со Епстин зад сцената на концерт на Ролинг Стоунс во Хонг Конг. Трета фотографија, без датум, го прикажува во џакузи покрај човек со заматено лице.

„Надарен како коњ“

Во досиејата за Епстин кои ги објави американското Министерство за правда се споменува и главниот помошник на Клинтон, Даг Бенд. Нивните е-пораки од периодот 2002-2004 година откриваат интимна и флертувачка врска, испреплетена со ласкање и сексуални алузии.

Бенд ја нарекол своја „љубовница“, додека Максвел им возвратила на комплиментите, нарекувајќи го „одличен човек“ и „надарен како коњ“. Нема докази дека Бенд сторил некаков прекршок, а подоцна изјавил дека немал физичка врска со Максвел и ја опишал како „чудовиште“.

Максвел беше осудена во 2021 година за регрутирање и подведување малолетници за сексуална злоупотреба на Епстин.

Поврзани содржини