📽️ КАНЦЕЛАРОТ ГЛЕДА КАКО КИНА ПЛАНИРА АИ ДОМИНАЦИЈА Мерц најави трговска соработка со Пекинг

Кинеските роботи кои можат беспрекорно во група да вежбаат кунг-фу, да прават салто и да се мечуваат го задржаа вниманието на светската јавност. Германскиот канцелар кој е во посета на Пекинг имаше можност да го види шоуто на роботите и да зборува за економски договори со кинескиот претседател.

102

Камерите го фатија моментот кога германскиот канцелар љубопитно го следи настапот на десетици кинески хуманоидни роботи во Пекинг. Кинеските роботи кои можат беспрекорно во група да вежбаат кунг-фу, да прават салто и да се мечуваат го задржаа вниманието на светската јавност.

Западните медиуми пишуваат дека 2026 ќе биде година кога Кина го презема водството во вештачката интелигенција.






Германскиот канцелар Фридрих Мерц е во посета на Пекинг. Тој во понеделникот изјави дека Кина планира да нарача до 120 авиони од Ербас. По средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг Мерц откри дека договорот ќе биде важен чекор во проширувањето на економските односи меѓу двете земји, објави „Шпигел“.

Мерц додаде дека постои и можност за други договори со германски компании, иако не сите се финализирани. Тој предупреди и дека трговскиот дефицит меѓу Германија и Кина изнесува повеќе од 80 милијарди евра.

Поврзани содржини