НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби не е во најдобри релации со новата власт во Косово, па се предаде
Веројатно во изминативе 14 месеци Груби имал време да процени дека нема да има брзи политички промени на власта во Македонија и тоа може да биде една од мотивациите да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за проневера на 8 милиони евра, кој денеска беше уапсен на граничниот премин Блаце, а за кој имаше меѓународна потерница уште од декември 2024 година, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
– Веројатно во изминативе 12 или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот – рече Милошоски во гостување на Алсат.
Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку се работи за функционер кој е на црната листа на САД.
– Која било земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап за таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен – истакна Милошоски.
Тој порача дека власта смета оти е време за одговорност, без да прејудицира како ќе почне или ќе заврши процесот.
– После изборите во Косово и формирањето на една постабилна влада таму со која што господинот Груби, можам да кажам, ете и нема некои најдобри релации, проценките беа дека порано или подоцна ќе се појави пред органите на прогонот – заклучи Милошоски.
🎥 ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Изведен е пред судија на претходна постапка