ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол на криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ

Артан Груби е приведен, добро е што конечно правдата ќе биде задоволена, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

400

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука во Македонија. Она за што се товари и осомничи Артан Груби како тогашен прв вицепремиер е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата којашто 7 години владееше кога беа СДСМ и ДУИ на власт, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во СДСМ владее фрустрација затоа што Артан Груби е уапсен и затоа што се свесни што може да сведочи во овој судски случај, додаде тој.






– Оттму доаѓа нервозата во СДСМ. Сакаат да направат некаков дефокус како што прават изминативе година дена откако Венко Филипче е претседател на таа партија и на нивниот пи-ар. Така што ова е уште една лага на СДСМ која се растура како меур од сапуница – рече Манасиевски во гостување на Канал 5.

🎥 ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Изведен е пред судија на претходна постапка

Поврзани содржини