САМО 16 ВОЗАЧИ ФАТЕНИ НА ЦРВЕНО ВО ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА На автопатите се вози и со над 170 на час

За минување на затворен сигнал (црвено светло) има 16 прекршоци што претставува намалување на 51,5% во споредба со минатата седмица кога биле регистрирани 33 прекршоци.

385

Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на Коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.910 прекршоци, соопшти МВР.

Од вкупниот број регистрирани прекршоци, најголем број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691. За минување на затворен сигнал (црвено светло) има 16 прекршоци што претставува намалување на 51,5% во споредба со минатата седмица кога биле регистрирани 33 прекршоци. Во првата недела од месецот биле регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал.






За управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 20,9% во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот биле регистрирани дури 288 мерки „забрана за управување со возило“. Од 117 мерки кои се изречени изминатата седмица 16 се за „минување на црвено светло“, а 101 се за „брзо возење“, од кои 75 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км на час и седум за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта – велат од МВР.

 

Поврзани содржини