📽️ ХАОС НА АВТОПАТОТ ШТИП–МИЛАДИНОВЦИ Се судрија пет возила, сообраќајот забавен

Сообраќајот на автопатот Штип–Миладиновци е пренасочен по една лента по утринскиот судир на повеќе возила.

1,743

Повеќе возила утрово се судриле на автопатот Штип–Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива отежнато по една сообраќајна лента.

Според информациите објавени од „М-нет“, во несреќата учествувале најмалку пет автомобили. На местото на настанот се создала колона од возила.






Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците кои биле вклучени во сообраќајката.

Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека возилата се излизгале, а граѓани во коментарите посочуваат дека на коловозот имало голомразица, што најверојатно придонело за несреќата.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда и повеќе детали за случајот.

Надлежните апелираат возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Поврзани содржини