МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната Конференција на Паневропската Унија на Македонија
Секогаш кога ќе направиме чекор напред кон Европската Унија, ни се спушта железна завеса која не може да ја пробиеме – рече претседателката Сиљановска.
Граѓаните на Македонија се разочарани и уморни од континуираните блокади на нашиот евроинтегративен пат – изјави претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на меѓународната Конференција на
што се одржува вечерва (петок) во Скопје.
– Секогаш кога ќе направиме чекор напред кон Европската Унија, ни се спушта железна завеса која не може да ја пробиеме – рече претседателката Сиљановска.
Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.
Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси. Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата. Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.
Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на Меѓународната конференција насловена „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“.
Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите на Европа од Салцбург.
На свеченото отворање се обратија и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Паневропската унија на Австрија Рајнхард Клоучек, Штефан Хабек од Институтот на регионите на Европа и Амер Капетановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка.