СДСМ И ДУИ ЗА ЕДЕН ДЕН РАЗРЕШИЈА ВРХОВЕН СУДИЈА Катавеновски побара време за да даде мислење за предмет со Јанкуловска, утредента веќе беше не беше судија

Поранешен врховен судија отворено говори за начинот на кој СДСМ и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата. Ако си против нив - или те разрешуваат или те пикаат во затвор, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

233

Има ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДСМ и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон кој се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катавеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи, сведочи дека откако одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента поради непостапувањето бил разрешен – рече Манасиевски.






Имено, додаде тој, станува збор за случајот со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која според Катавеновски била осудена поради политички причини, а не како правна последица.

– Катавеновски вели дека во 2019 година го добил случајот од поранешното Специјално јавно обвинителство, за кој требал да даде мислење, но како што вели тој, немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот. Откако тој оставил време да се разговара за судскиот случај со колегите, затоа што не сакал да избрза со одлуката, не му останало многу време, веќе утредента Судскиот совет го разреши – вели Манасиевски.

Тој за неговото разрешување ја посочува директно тогашната влада на СДСМ и ДУИ, додаде Манасиевски.

– Секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои сведочат за притисоците кон правосудството во Македонија. По Лејла Кадриу, сега и поранешен врховен судија отворено говори за начинот на кој СДСМ и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата. Закани, уцени и притисоци. Ако си против нив – или те разрешуваат или те пикаат во затвор. Ова не смее да продолжи, реформите продолжуваат, а одговорност ќе има – рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини