Еден авион – различни летови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, ќе извлечат ли поука Социјалдемократите?

Социјалдемократите од овој случај има што важно да научат, тие во минатото не уважуваа дури и национален референдум и си тераа по свое – па ја клекнаа Македонија пред странци.

169

Владиниот авион ги разлета разногласијата на македонското политичко небо. Те требало да се купи нов, те не требало да се купи, те овој се возел со него, те и ваши летаа со неговите крилја.

И еве дојде до разврска, испланираната набавка на нов авион за државни потреби, премиерот ја одложи поради повеќедневните критики од СДСМ. Власта покажа сенс и принципиелност, иако постоел договор меѓу премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче дека потребата од владин авион нема да се злоупотребува за дневнополитички поени. Поважно ѝ беше на власта да не се прави дополнителни поделби и иритации во општеството.






Дали оваа разврска и повлекувањето на Владата ќе влијае позитивно и врз СДСМ останува да се види. Прво треба да се научи дека треба да се држи до дадениот збор, но и поважното второто – социјалдемократите од овој случај има што важно да научат, тие во минатото не уважуваа дури и национален референдум и си тераа по свое – па ја клекнаа Македонија пред странци.

ВМРО-ДПМНЕ за административно прашање направи спротивно, иако тоа не стигна ниту до референдум. Убаво би било и СДСМ да биде таков понекогаш или тој ќе си остане различен – ќе си тера по свое, а некогаш и по барање на странци?

Поврзани содржини