ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВО „Голф“ излета од патот, жена заврши со сериозни повреди
Четириесетгодишна жена од село Требош заврши во болница откако излетала од локалниот пат Тетово–Требош.
Четириесетгодишна жена од тетовското село Требош се здобила со тешки телесни повреди откако со автомобил излетала од локалниот пат Тетово–Требош и удрила во метална ограда.
Несреќата се случила на 17 февруари околу 20 часот. Според информациите од полицијата, З.М. (40) од село Требош управувала патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки кога изгубила контрола над возилото, по што излетала од коловозот и удрила во заштитна метална ограда покрај патот.
Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на несреќата, а причините за излетувањето се утврдуваат.