ЕДЕН ЗАГИНАТ И ЕДЕН ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА Се судриле две возила кај Кучевишка Бара

496

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера, (17 февруари 2026 година), на стариот пат кон село Кучевишка Бара.

Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ и патничко возило „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски таблички. Од здобиените повреди, возачот на „форд фиеста“ починал на самото место, додека возачот на „фолксваген голф“ со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар.






Поради увидот, сообраќајот на стариот пат кон село Кучевичка Бара утрово бил пренасочен.

Поврзани содржини