ГО ВООДУШЕВИ ЃОКОВИЌ, НО ЈА РАЗОЧАРА МАЈКА СИ? Асот ги загрижи фановите по олимпискиот дебакл
Илија Малинин претходно го воодушеви Новак Ѓоковиќ со својот настап во екипната конкуренција, но по падот во индивидуалното финале објави емотивни и загрижувачки пораки. По осмото место, лизгачот напиша „Мамо, твоето мало момче е уморно“, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Неуспешно четирикратно салто и осмо место во финалето го одбележаа настапот на асот Илија Малинин на Зимските олимписки игри. По натпреварот, американскиот лизгач со руско потекло објави серија емотивни пораки на Тик-Ток што предизвикаа загриженост.
„Понекогаш сакам да ми се случи нешто лошо, за да не морам сам да го правам тоа“, напиша Малинин во првата објава.
Потоа следеше уште подиректна порака:
„Мамо, твоето мало момче е уморно“.
Амбициозниот 21-годишен лизгач се обиде да изведе четирикратно салто, но падна и го заврши натпреварувањето на осмото место во машката индивидуална конкуренција.
Неговиот тим засега не дал официјален коментар за пораките. Дел од објавите биле поврзани со сметка што споделува рачно напишани пораки за емоционална исцрпеност.
Неговата мајка е Татјана Малинин од Новосибирск.
И покрај индивидуалниот пад, Малинин претходно донесе злато за САД во екипната конкуренција во уметничко лизгање. Поради своите скокови го нарекуваат „Бог на четворките“.
На трибините бил и српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.
– Го видов Новак. Толку е надреално. Го слушнав како вели нешто, откако направив превртување наназад. Тоа е момент што се случува еднаш во животот – изјави Малинин.