Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.
Претпријатието ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.
Од ЈСП очекуваат разбирање од граѓаните за состојбата.