ГО ЗЕЛ „ГОЛФОТ“ ОД БРАТУЧЕДОТ, ПА ГО ПРОДАЛ ЗА 4.500 ЕВРА Кривична пријава за 40-годишник од Гостивар

Автомобилот го продал на лице од Скопје за 4.500 евра.

395

Четириесетгодишен жител на Гостивар се соочува со кривична пријава откако, според истрагата, позајмил автомобил од свој братучед, а потоа го продал како да е негов.

Станува збор за Б.С. (40), кој на 26 септември минатата година зел „фолксваген голф“ од роднина, но наместо да го врати, го продал на лице од Скопје за 4.500 евра.






Случајот бил пријавен во полиција, по што била покрената постапка за кривично дело „затајување“.

Истрагата продолжува, а против осомничениот е поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини