РЕЧИСИ 1.200 ФИРМИ СТАНАА НОВИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ ЗА ДДВ Управата за јавни приходи издаде 231 решение за престанок на обврската
Рокот за оваа обврска на фирмите и поединците е 15 јануари.
Вкупно 1.199 фирми се нови даночни обврзници за ДДВ, а 231 фирма се дерегистрирале од обврската за плаќање ДДВ, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи објавени по завршувањето на рокот за регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ).
Рокот за оваа обврска на фирмите и поединците е 15 јануари.
Од УЈП денеска информираа дека новите 1.199 даночни обврзници ги добиле и решенијата за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ во кои е наведен и датумот од кога треба да го пресметуваат.
Исто така решенија за престанок на регистрацијата добиле и 231 обврзник.
И едните и другите, според УЈП треба да се однесуваат според законските одредби.